Џенифер Анистон и Џастин Теру многу ретко се појавуваат на црвениот тепих. Но, холивудскиот пар не можеше да ја прескокне премиерата на новата ТВ серија на Теру.
По неколкумесечна пауза од холивудските свечености, двајцата актери позираа на црвениот тепих на премиерата на „The Leftovers“.
42-годишниот актер избра елегантно тегет одело од Диор, додека 45-годишната ѕвезда од „Friends“ носеше едноставен црн фустан со кадифен колан и обувки од Сен Лоран.
Џенифер и Џастин ја објавија својата свршувачка во август 2012 година, но засега не ги обелоденуваат плановите за венчавка.
На премиерата на „The Leftovers“ присуствуваше и Лив Тајлер, која глуми покрај Теру во серијата на HBO. Популарната актерка за настанот избра креација на Стела Мекартни.