Џенифер Анистон не може да се пожали од својот љубовен живот. Набрзо откако нејзината врска со Џастин Теру стана јавна, таа реши да преминат на следното ниво и да заживеат под ист покрив.
„Тие решија заедно да изнајмат куќа додека бараат совршена куќа која би ја купиле. Џен и Џастин се многу возбудени што ќе живеат заедно“ – пишува People, потпирајќи се на изјава на анонимен извор.
Изнајмената куќа е далеку помалку луксузна од претходниот дом на Анистон, се наоѓа во Беверли Хилс и вклучува 2 бањи и 2 спални соби.
42-годишната актерка во јули се исели од својот луксузен дом во Беверли Хилс, откако одлучи дека е преголем за неа. Тој беше продаден за 38 милиони долари.