Џастин Теру го доби совршениот роденденски подарок. За време на својата роденденска прослава, 41-годишниот актер ја побара раката на Џенифер Анистон и таа му кажа „Да“.
„Џастин Теру во петокот имаше прекрасен роденден, затоа што доби неверојатен подарок кога неговата девојка, Џенифер Анистон, го прифати неговиот предлог за брак“ – изјавил претставник на актерот за „People“, но не дал информација кога парот планира да стапи во брак.
Тоа би бил втор брак за Анистон, која се разведе од Бред Пит во 2005 година, кога Пит се заљуби во сегашната свршеница, Анџелина Џоли.
Џенифер и Џастин се заедно повеќе од една година.