Кога не се на црвениот тепих, Џенифер Анистон и Џастин Теру негуваат кул лежерен стил.
Славниот пар беше фотографиран во Њујорк во складни комбинации кои вклучуваа искинати фармерки, бели маици и авијаторски очила.
Еден ден претходно, 48-годишната актерка и 45-годишниот актер беа видени за време на вечерно излегување во Големото јаболко.
Холивудските ѕвезди следниот месец ќе ја прослават втората годишнина од бракот.