Џенифер Анистон и Џастин Теру се поддржуваат на секој значаен настан од нивниот живот. Славниот пар присуствуваше на премиерата на третата сезона од серијата „The Leftovers“, во која Џастин ја има главната улога.
За настанот во Лос Анџелес, 48-годишната актерка избра краток фустан со еден ракав од колекцијата есен/зима 2017 на Брендон Максвел.
Во својот стајлинг, ѕвездата од „Friends“ додаде сандали од Џанвито Роси и накит од Џенифер Маер.















По 4-годишна врска, холивудскиот пар стапи во брак во мај 2015 година на интимна церемонија во дворот на нивниот дом во Бел Ер.