Сара Џесика Паркер си го оствари сонот да отвори сопствен бутик каде модерните дами ќе можат да си ги набават омилените обувки од нејзината линија SJP.
Во Вашингтон, вчера се одржа свеченото отворање на продавницата. 51-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ со широка насмевка ги дочекуваше гостите.


„Посетителите треба да се чувствуваат како да се во кутија за накит. Како таму да ги чека забава за нивните стапала“ – изјавила познатата актерка.










Во бутикот на Паркер ќе се продаваат и модели од нејзината колекција црни фустани, чантички, накит и други модни додатоци.
Сара Џесика на Instagram сподели фотографии од обувките и чантичките.