Шерил Кол Фернандез-Версини заблеска на доделувањето на Music Industry Trusts Awards. 32-годишната пејачка го поддржа својот колега Сајмон Кауел, кој ја прими наградата за 2015 година за неговиот придонес во музичката индустрија.
На разнобојниот тепих во Лондон, Шерил зачекори во креација од есенската колекција на Galvan. Блескавиот фустан музичката ѕвезда го искомбинира со сандали од Charlotte Olympia и обетки од Maha Lozi.