Британското издание на списанието FHM само пред неколку дена ги објави резултатите од гласањето за најсекси жена на планетата. Иако Британците ѝ го дадоа првото место на Шерил Кол, во светски рамки титулата најсекси жена ја освои Мариса Милер.

Откако биле собрани податоците од 24 интернационални изданија на списанието FHM, меѓу кои од Британија, САД, Австралија, Кина и Франција, станало јасно дека 31-годишниот ангел на Victoria’s Secret ги освоил срцата на повеќе од 1 милион читатели.
Мариса ѝ ја зеде титулата на минатогодишната победничка Меган Фокс.