Пред еден месец започнаа да се шират гласините дека бракот на Шерил Фернандез-Версини е пред распаѓање и дека таа веќе има нова љубов – Лиам Пејн.
Неодамна беше потврдено дека 32-годишната пејачка навистина е во врска со 22-годишната ѕвезда од One Direction, а сега парот слободно се појавува и пред папараците.
Музичките ѕвезди беа фотографирани пред ресторанот „Salmontini le Resto“ во Лондон.
Се шпекулира дека англиската пејачка побарала развод од Жан-Бернард со кого стапи во брак во 2014 година. Претходно таа беше во брак со фудбалерот Ешли Кол.