Шерил Фернандез-Версини со светол стајлинг привлекуваше погледи на доделувањето на Британските музички награди. За свеченоста, 32-годишната пејачка избра креација во лимон-жолта боја од неповторливиот Зухаир Мурад.
Краткото шармантно фустанче, во кое Шерил зачекори на црвениот тепих во Лондон, доаѓа од колекцијата висока мода пролет 2016 на либанскиот дизајнер. Својот стајлинг популарната Англичанка го надополни со сребрени сандали од Том Форд и впечатлив накит.
Шерил заедно со својот колега од „X Factor“ Ник Гримшо се појави на сцената за да ја додели наградата за Британско откритие на годината.