Пред два месеца Шерил и Лиам Пејн престанаа да ја кријат својата врска од јавноста, а сега за првпат зачекорија на црвениот тепих како пар.
32-годишната пејачка и 22-годишната ѕвезда од One Direction беа фотографирани на хуманитарната гала на „Global Gift Foundation“ во Париз.
Претходно, славните музичари беа фотографирани додека пристигнуваа на аеродром во Градот на светлината.
Шерил, која се разведува од Жан-Бернард Фернандез-Версини со кого стапи во брак во 2014 година, неодамна го отфрли презимето Фернандез-Версини.