Џејми Дорнан синоќа беше гостин на доделувањето на British Independent Film Awards во Лондон.
34-годишниот актер беше придружуван од својата сопруга Амелија Варнер, која покрај него позираше во фустан од колекцијата ресорт 2017 на Србинката Роксанда Илинчиќ.





Заводникот од „Fifty Shades of Grey“ беше номиниран во категоријата Најдобар актер во споредна улога за филмот „Anthropoid“, но не успеа да победи во истата.




