Џејми Дорнан и неговата сопруга Амелија Ворнер ѝ посакаа добредојде на третата ќерка.
Веста ја објави 36-годишната актерка на Денот на мајката, кој во Британија се одбележуваше на 31 март. Во објавата на Instagram, таа сподели фотографија од три пара женски обувки и напиша: „Многу сум горда на овие три прекрасни девојчиња, чест ми е да сум нивна мајка... Денес се чувствувам неверојатно среќно“.
Со истата фотографија 36-годишниот актер ѝ го честиташе празникот на својата сакана. „Три прекрасни девојчиња за Џејми и Амелија. Среќен да ѝ е Денот на мајката“ – напиша Дорнан.
Неодамна, во шоуто на Џими Кимел, Џејми зборуваше за зголемувањето на неговото семејство. „Дел од мене чувствува дека е време да се стави крај по ова. Но, чувствувам и дека правиме одлични деца. Можеби, ако сака мојата сопруга, ќе правиме додека не можеме повеќе да правиме. Сè зависи од неа. Јас го правам забавниот дел“ – се пошегува тој.
„Понекогаш сме фрустрирани, најчесто кога патуваме со децата, но никогаш не дозволуваме тоа да врие и да прерасне во проблем. Познаваме парови кои кршат чинии, но тоа не сме ние. Мило ми е што не сме ние, чиниите се скапи“ – продолжи тој.
Парот стапи во брак во 2013 година и има уште две ќерки – 5-годишната Долси и 3-годишната Елва.