„Elle“ Мексико ја покани Селма Хајек да ги краси страниците на јубилејното издание. 48-годишната актерка самоуверено позираше за едиторијалот „Salma Forever“ за изданието со кое се одбележува 20-годишното постоење на познатото списание.
Шармантната филмска ѕвезда застана пред објективот на Диего Учител. Фокусот на фотосесијата паѓа врз сериозниот и донекаде драматичен поглед на Хајек.
Селма неодамна ги објави и фотографиите од првата рекламна кампања за својот козметички бренд Nuance Salma Hayek.