Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шармантната Ева Лонгорија во „Latina“

ФОТО: Шармантната Ева Лонгорија во „Latina“

Ева Лонгорија ја краси насловната страница на „Latina“. Убавата 37-годишна актерка изгледа шармантно на фотографиите од фотосесијата за ноемвриското издание на списанието.

Ева Лонгорија

И покрај ангажманите во кампањата на Барак Обама, Ева издвои време за да направи кратко интервју и да ги информира своите фанови за претстојните проекти. Телевизиската ѕвезда, во интервјуто зборуваше и за завршувањето на серијата „Desperate Housewives“ којашто ја прослави низ целиот свет.

„Навистина ми недостига. Ми недостига конзистентноста на тоа да одам на истото место секој ден. Ми недостигаат девојките. Ми недостига екипата и тоа да ги гледам нивните лица секој ден. Но, не жалам по Габи. Направивме сè што можеше да се направи со тој лик. Целосно го истраживме секој аспект од Габи во тие осум години“ – изјавила таа за крајот на познатата ТВ серија.

Ева Лонгорија
Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Во моментов Ева работи на нова серија „Devious Maids“, заедно со креаторот на „Desperate Housewives“, Марк Шери. Но, исто така таа влегува во улогата на продуцент на реалното шоу „Ready For Love“ кое ќе се емитува на NBC.

Лонгорија не се задоволува со тоа да биде само актерка, таа активно учествуваше во политичката кампања на Барак Обама и вели дека образованието предизвикува таа да се чувствува моќно. „Постојат стереотипи според кои како актерки ние не треба да сме паметни, не треба да сме политички активни, дека треба само да стоиме пред камерите и да изгледаме убаво. Не, јас сум човек. Можам повеќе“ – самоуверено рекла Ева.

Ева Лонгорија

Сепак, Ева не заборава да ужива во животот и го троши слободното време грижејќи се за себе. „Медитирам многу наутро и навечер и вежбам. А исто така и готвам, тоа се активностите кои ме опуштаат. Имам многу нови рецепти на кои работам, затоа што сум посветена на одржување на здравјето“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.