Шарлиз Терон е секси заводничка за мајското издание на списанието „W“.
За едиторијалот „Mad Beautiful“, згодната актерка позираше во модели на модни куќи како Диор, Александар Ванг, Прада и Том Форд и накит од луксузните брендови Тифани, Живанши и Картие.
Фотографиите се дело на дуото Мерт и Маркус.




„Жените во нашето општество се поделени во категории, за да започнеме да се чувствуваме како скинати цвеќиња и по извесно време да овенеме. Сега сфаќам дека не треба да биде така – можеме да ја прифатиме секоја возраст. Тоа се моите охрабрувачки зборови за 20-годишните кои се преплашени од стареењето. Стареењето и не е така лошо“ – рекла Терон.
Шарлиз објаснила и како дошла до одлуката да ја избричи главата за снимањето на филмот „Mad Max: Fury Road“. „На почетокот, мојот лик требаше да биде како дух и албино. Потоа си помислив дека ќе биде посилно ако си ја избричам главата. Му се јавив на режисерот Џорџ и му го кажав мојот план. Тој молчеше, што јас помислив дека е добар знак. Па, позајмив машинка за потстрижување и ја истрижав цела коса“ – признала таа.


