Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Бред Пит, Шарлиз Терон и Адам Драјвер се моќна филмска банда во кампања за Breitling

ВИДЕО: Бред Пит, Шарлиз Терон и Адам Драјвер се моќна филмска банда во кампања за Breitling

Бред Пит, Шарлиз Терон и Адам Драјвер се филмската банда на Breitling. Врвниот бренд за луксузни часовници ги покани трите холивудски ѕвезди да бидат дел од најновата рекламна кампања.

Швајцарската компанија дојде до идеја да создаде групи чии членови се вистински професионалци во своето поле на работа. Првиот тим на Breitling е посветен на талентот во филмската индустрија. Концептот се фокусира на врската која се создава помеѓу луѓето кои се поврзани од заедничките интереси и цели.

Breitling Breitling

„Ние во Breitling веруваме во моќта на тимот, силата на групата и заедничката цел, што во крајна линија води кон успех. Ние се стремиме кон автентичност, кредибилитет и искреност за нашиот бренд и нашите производи, како и во односот со нашите клиенти. Истото се однесува и на секоја од екипите. Ќе лансираме неколку тимови, од спорт до уметност, покривајќи ги различните области на активност кои се поврзани со нашите тематски светови: воздух, море и земја. Членовите на нашите тимови ќе бидат апсолутни мајстори во нивните области.“

„Како добар филм, нашите часовници раскажуваат приказна која ги поврзува луѓето со нешто поголемо од нив самите. Одлично сценарио може да ја одведе публиката на кое било место на земјата, и надвор од неа. Часовниците на Breitling се создадени за да функционираат совршено на копно, во воздух, или на и под површината на водата. Филмовите се како соништата, ни покажуваат дека сè е возможно. На наш скромен начин, знаеме дека часовникот Breitling е сон кој вреди да си го остварите“ – велат од реномираниот бренд.

ВИДЕО

Breitling Breitling Breitling Breitling Breitling

Официјален претставник на Breitling во Македонија е „Божиновски часовници и накит“.

Breitling

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20882 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.