Шарлиз Терон е гламурозна дама во кампања за „Capitol Grand“.
39-годишната актерка ги претстави првите апартмани со шест ѕвезди во Мелбурн кои имаат прекрасен поглед на градот и кои несомнено ќе го привлечат вниманието и на најпребирливите купувачи со длабок џеб.
За кампањата „Lead Me Into Temptation“, холивудската ѕвезда шармираше пред објективот на Џејмс Вајт.




Лери Кестелмен од LK Property Group, компанијата која стои зад луксузните апартмани, изјавил дека Терон е совршено лице за најдобро да се претстави интернационалниот луксуз кој „Capitol Grand“ го однесе во Мелбурн.






