Шакира беше главната музичка ѕвезда на церемонијата по повод затворањето на Мундијалот во Бразил.
37-годишната Колумбијка ја раздвижи бројната публика со енергична изведба на „Dare (La La La)“.
Освен кон Шакира, погледите на обожавателите на фудбалот беа насочени и кон нејзиниот сладок син Милан. По настапот, славната пејачка го донесе малото детенце на теренот за да ги поздрави присутните.
Пике пак ја поддржа својата сакана од трибините.
Шакира по третпат е гостинка на Светското првенство и е силно поврзана со овој спортски настан. Во 2010 година таа се запозна со Пике за време на промовирањето на химната „Waka Waka (This Time for Africa)“.
„Никогаш нема да заборавам дека ја запознав љубовта на мојот живот на Светското првенство во фудбал. Ако не беше Светското првенство, мојот син Милан немаше да биде тука“ – изјавила Шакира.
Настапот на Шакира му претходеше на финалниот фудбалски натпревар на првенството помеѓу Германија и Аргентина. Со гол во продолжението Германија стигна до посакуваниот трофеј.
На сцената Шакира блескаше во црвена креација со реси од Чарбел Зое.