Шакира не се одделува од малиот Милан ниту кога работните обврски го бараат тоа од неа. Убавата Колумбијка го носеше слаткиот Милан на снимањето на реалното музичко шоу „The Voice“, за да биде дел од жири-комисијата.
36-годишната пејачка сподели две фотографии на Twitter на кои изгледа како двомесечниот Милан да оценува два настапи на натпреварувачите.
На првата фотографија Милан гледа заинтересирано кон сцената, па Шакира коментира: „Очигледно Милан е заинтригиран од оваа изведба“.
Втората фотографија го покажува Милан во друго светло – со намуртено лице покажува неодобрување. „Ох, не мислам дека му се допадна таа изведба!“ – коментира Шакира на социјалната мрежа.
Во новата сезона на шоуто „The Voice“ Шакира и Ашер дојдоа во жири-комисијата на местото на Кристина Агилера и Си Ло Грин.
Неколку дена претходно Шакира сподели фотографија на која Милан и Пике го чекаат првиот пасош на малото бебе.
Милан се роди на 22 јануари. Тогаш 36-годишната пејачка и 26-годишниот фудбалер објаснија дека името Милан во словенските јазици значи драг, сакан и милостив, во латинскиот јазик значи нетрпелив и трудољубив, а во санскритскиот – обединување.