Шакира беше големиот победник на доделувањето на „Los 40 Music Awards“ и во нејзини раце завршија две златни статуетки.
На настанот во „Palau Sant Jordi“ во Барселона, 39-годишната Колумбијка беше придружувана од својот партнер Жерар Пике и двете синчиња. Тригодишниот Милан и едногодишниот Саша беа облечени идентично, додека нивната мајка шармираше во краток фустан со циркони.




Славниот фудбалер на ФК Барселона и малите момчиња ја бодреа Шакира од публиката додека таа ги примаше наградите.




Освен за соработката со Карлос Вивес за „La Bicicleta“, познатата листа за рангирање на најпопуларните латино песни ја награди славната музичка ѕвезда со „Златна награда“ за најпопуларен женски латино изведувач на сите времиња.





Во својот говор, Шакира им се заблагодари на своите фанови и соработници, но не заборави да ги спомене и најважните личности во нејзиниот живот, синчињата Милан и Саша и Пике.