Шакира беше фотографирана со својот мал син Милан на прошетка во Мајами. На фотографиите, освен слаткото детенце, познатата пејачка во рацете држи и мала фудбалска топка, која очигледно е омилена играчка на малиот син на фудбалерот Пике.
Четиримесечниот Милан може да наследи многу – фудбалски вештини од својот татко, но и интелигенција од својата мајка. Имено, во саботата беа објавени имињата на славните личности кои според Менса имаат IQ над 139. Шакира има IQ 140, што ја прави речиси гениј.
Објавено е и дека Мадона има IQ 140, Квентин Тарантино 160, а Џејмс Вудс 180.