Шакира деновиве престојува во Њујорк заедно со помалиот син Саша. Славната Колумбијка беше фотографирана во Централ Парк со осуммесечното детенце.







Неколку дена претходно, таа беше уловена од папараци додека пристигнуваше на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди.






Во улога на амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, 38-годишната пејачка присуствуваше на состанок на Обединетите Нации во Њујорк, каде ја истакна потребата да се инвестира во раниот детски развој.


За време на прес-конференцијата по завршувањето на настанот „Meeting Of The Minds“, Шакира зборуваше за проектите на својата хуманитарна организација и за хуманитарната криза предизвикана од конфликтот во Сирија. Погледнете видео: