И покрај професионалните ангажмани, Шакира наоѓа начин како да минува време со своето семејство. 38-годишната пејачка снимаше реклама на плажа во Шпанија, но не пропушти да го земе со себе малиот син Милан.
Славната Колумбијка беше фотографирана од папараците додека танцуваше за потребите на рекламата, но и кога се забавуваше со двегодишниот син за време на паузите.
Од фотографиите може да се забележи дека Шакира се врати во одлична форма по раѓањето на синот Саша во јануари.
Неколку дена претходно, Шакира и Пике со двата сина беа фотографирани во Барселона.