Хајди Клум несомнено долго се подготвуваше и за овогодишната Халовин маска.
За забавата која ја организира за Ноќта на вештерките, 51-годишната манекенка и нејзиниот сопруг Том Каулиц се маскираа во машка и женска верзија на најслаткиот вонземјанин од легендарниот филм „E.T. the Extra-Terrestrial“ на Стивен Спилберг.
Клум изјавила дека E.T. е дел од животите на повеќето од нас и дека отсекогаш била голем фан на ова филмско дело.
На забавата беше и ќерката на Хајди, Лени Клум, која исто така се маскираше во вонземјанин.
Не е воопшто чудно што Клум е нарекувана „Кралица на Халовин“. Таа секоја година посветува големо внимание на својата маска, на која се работи долго време.