Шакира е незапирлива иако е во осмиот месец од бременоста. 35-годишната пејачка била фотографирана додека се упатувала во музичко студио во Шпанија, каде го финишира својот најнов музички албум.
Таткото на нероденото дете на Шакира, Жерар Пике, потврдил дека таа снима нов албум, но дека обожавателите ќе треба да почекаат да за слушнат нови песни од музичката ѕвезда.
„Албумот ќе биде објавен по раѓањето на бебето, затоа што таа треба да оди на турнеја, а не може го прави тоа сега“ – изјавил Пике.
Во пресрет на празниците, 25-годишниот фудбалер споделил и фотографија од новогодишната елка која го краси домот кој тој моментално го дели со Шакира.
Познатиот пар наскоро планира да се пресели во нова куќа во Барселона.