Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шакира го покажа рамниот стомак за „Self“

ФОТО: Шакира го покажа рамниот стомак за „Self“

Шакира го покажа рамниот стомак и тонираните стомачни мускули за септемвриското издание на „Self“. Згодната мајка, која го роди синчето Милан пред само седум месеци, за кратко време се врати во форма, иако по породувањето не била многу задоволна од својот изглед. „По породувањето, изгледаш како шар-пеј“ – изјавила таа во интервју за списанието.

Шакира

„Вежбав зумба во текот на бременоста и тоа ми помогна да не качам премногу тежина“ – објаснила таа. По раѓањето на Милан, таа практикувала зумба пет пати неделно.

Шакира

Кога станува збор за нејзиниот најомилен дел од телото, енергичната Колумбијка вели: „Доста горда сум на својот задник“.

Според Шакира, зачувувањето на позитивниот став е клучен елемент во одржувањето на линијата. „Не се опседнувам со моите недостатоци, затоа што го гледам своето тело како целина. Освен тоа, мислам дека мажите повеќе ја ценат самодовербата отколку совршенството“ – рекла таа.

Шакира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23336 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.