Јелена Ристиќ, девојката на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е заштитно лице на брендот Figleaves.
За летната кампања 27-годишната Србинка позираше со широка насмевка во костими за капење и летна облека.
На фотографиите направени на егзотична локација во Монако, Јелена можеме да ја видиме во едноделен ретро костим, како и во повеќе лесни фустани.
Јелена е најголемиот обожавател на Новак и редовно го бодри за време на неговите натпревари, но таа е и негов партнер во хуманитарната дејност. Убавата девојка е директорка на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, која се фокусира на подобрување на животот и едукација на деца од 3 до 7 години.
Една од причините поради кои Јелена се согласила да соработува со Figleaves е тоа што компанијата донирала поголема сума во нивната фондација. „Figleaves навистина ме инспирира да го направам ова со тоа што донира навистина дарежлива сума пари во фондацијата“ – изјавила таа за My Fashion Life.
Јелена и Новак се заедно повеќе од седум години.