Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ стапија во брак

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ стапија во брак

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ и официјално се сопруг и сопруга. Заврши церемонијата на бајковитиот остров Свети Стефан во Црна Гора, каде парот се заколна на вечна љубов.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Свадбената приказна на 27-годишниот тенисер и девојката со која е во врска од тинејџерските денови започна вчера, но сите детали се држат во строга тајност. Сепак, се претпоставува дека гостите ги забавуваше Фемили бенд, групата која се грижи за доброто расположение на роднините и пријателите на Новак на голем дел од неговите прослави, како и оркестарот на Мишо Мијатовиќ и омилениот пејач на Ноле, Мирослав Илиќ.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

На првиот ден од свадбената авантура на харизматичниот пар, била организирана интимна забава која траела до раните утрински часови. Се смета дека на свадбата присуствуваат околу 140 гости.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Ноле и Јелена ќе ја поминат својата прва брачна ноќ во луксузната и прочуена „Вила 118“, преименувана во „Вила Свети Стефан“, во која досега престојувале многу познати личности меѓу кои и Софија Лорен, Елизабет Тејлор, Силвестер Сталоне, Кирк Даглас и Клаудија Шифер.

Парот кој го очекува своето прво дете ќе се венча во црква на 12 јули, по завршувањето на петровденскиот пост.

Пред само неколку дена Ѓоковиќ го победи Федерер и го освои трофејот на Вимболдон вторпат во својата кариера. Тој им ја посвети победата на Јелена и нивното неродено дете.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Новак и Јелена беа во врска 8 години пред тој да ја побара за жена во септември минатата година. Во април Новак објави на социјалните мрежи дека со Јелена ќе станат родители.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.