Новак Ѓоковиќ и неговата девојка Јелена Ристиќ организираа хуманитарна гала вечера во Лондон, со цел собирање на средства за Фондацијата Новак Ѓоковиќ.
Јелена, која е директорка на фондацијата, гордо позираше до својот сакан во вечерна тоалета од Оскар де ла Рента.
Младиот пар доби голема поддршка од многу славни лица меѓу кои и Наоми Кембел, Кејт Хадсон, Голди Хоун, Џерард Батлер и милијардерот Ричард Бренсон и успеа да собере 1,2 милиони фунти.
Во својот говор пред повеќе од 300 гости, Новак ѝ се заблагодарил на својата девојка за љубовта и поддршката и за нејзината посветеност на хуманитарната дејност на фондацијата. „Љубовта е најголемата движечка сила во мојот живот, таа може да прави чуда“ – изјавил тој.
Фондацијата на српскиот тенисер со години им обезбедува подобар живот и образование на мали деца во Србија, кои поради какви било околности не добиле можност за здраво и нормално детство. Во плановите на фондацијата е проширување во Велика Британија и САД.