Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Новак Ѓоковиќ објави дека Јелена Ристиќ е бремена

Новак Ѓоковиќ објави дека Јелена Ристиќ е бремена

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ го очекуваат своето прво дете. Парот ја објави среќната вест на социјалните мрежи.

„Јелена е бремена!!! Наскоро ќе станеме родители!“ – напиша Новак на Twitter.

„Мои драги пријатели, бевте со мене во многу тешки и убави моменти во мојата кариера. Благословен сум што патувам низ светот, го играм најубавиот спорт кој ми носи многу возбуда и радост. Среќен сум, сакан и здрав. Со Јелена сме навистина благословени што наскоро ќе станеме родители! Мојата љубов е бремена!“ – со оваа порака идниот татко им се обрати на фановите на Facebook.

Славниот тенисер и неговата девојка се свршија минатата година во Монте Карло.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Новак и Јелена се во врска повеќе од осум години, а тој во многу наврати јавно ја искажуваше љубовта кон својата избраничка. „Љубовта е најголемата движечка сила во мојот живот, таа може да прави чуда“ – изјави тој за време на хуманитарната гала вечера во Лондон, одржана со цел собирање на средства за Фондацијата Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ деновиве се релаксираат во Атина, Грција

Освен што е најголемиот обожавател на Новак и редовно го бодри за време на натпреварите, Јелена е и негов партнер во хуманитарната дејност. Убавата девојка е директорка на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, која се фокусира на подобрување на животот и едукација на деца од 3 до 7 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.