Звуците и стиховите на македонски евергрини ја исполнија големата сала на Центарот на културата во Битола непосредно пред да се изгаснат рефлекторите на тридневниот Фестивал на музика од светот.
На последната вечер од 13-тото издание на музичкиот хепенинг, настапи Битолскиот дувачки оркестар заедно со низа пејачи.
Сцената им припадна на Јасна Димитровска, Зарина Прва Севда, Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Тамара Стојковска и Нико Ѓоргиевски, кои дадоа сè од себе за публиката да си замине со впечаток дека присуствувала на нешто специјално.
На претходните две вечери на Фестивалот, имавме можност да уживаме со Билјана Биља Крстиќ и во танго музиката со Libercuatro tango ensemble.