Скарлет Јохансон се истакна на синиот тепих на MTV Movie Awards во Лос Анџелес.
Корално-розовата креација со детали инспирирани од флората, Јохансон ја надополни со сина чантичка и колоритни сандали од Софија Вебстер.
Скарлет моментално го промовира долгоочекуваното продолжение на „Avengers“, „Avengers: Age of Ultron“. Филмот беше сниман додека привлечната актерка беше бремена. „Мислам дека не е дозволено да возиш мотор додека си бремена, но јас возев“ – изјавила таа, коментирајќи ги предизвиците кои ѝ ги донесе улогата на Црната Вдовица.
Јохансон ја роди ќерката Роуз Дороти во септември минатата година.