Џенифер Лопез доби специјална статуетка на MTV Movie & TV Awards. На славната актерка и пејачка ѝ беше врачена наградата „Generation Award“ за нејзините постигнувања во филмската индустрија.
На свеченоста која се одржа во Санта Моника, 52-годишната ѕвезда се појави во црн аутфит. Фустанот со длабоко деколте е дело на брендот Mônot.
По примањето на наградата, Лопез одржа говор и не можеше да си ги задржи солзите.
„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми го дадоа овој живот. Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми дадоа радост и на оние кои ми го скршија срцето. Оние кои беа искрени и оние кои ме лажеа. Сакам да ѝ се заблагодарам на вистинската љубов и му благодарам на начинот на кој се лажев себеси, бидејќи така знаев дека треба да растам. Сакам да им се заблагодарам на разочарувањето и неуспехот што ме научија да бидам силна. И на моите деца кои ме научија да сакам. Сакам да им речам благодарам на сите луѓе кои ми велеа, в лице или зад грб, дека не можам да го направам ова. Навистина мислам дека немаше да успеам без вас. И знам дека немаше да го направам ова без фановите кои ги гледаат филмовите, вие сте причината поради која сум тука. Ве сакам“ - рече Лопез во својот говор.