Скарлет Јохансон и Кејт Винслет несомнено се природни убавици. Холивудските ѕвезди самоуверено позираа за Чак Клоус без гламурозна шминка или фризура.




38-годишната Винслет позираше за време на бременоста.

Фотографиите биле направени за списанието „Vanity Fair“, а во фотосесијата учествувале 20 актери и актерки, меѓу кои и Бред Пит, Џорџ Клуни и Џулија Робертс.




Клоус објаснил дека побарал од славните лица да се појават во студиото без шминка и фризура, во облека која сами ќе си ја изберат. Финалните фотографии воопшто не биле дигитално обработени.