Синди Крафорд со своето семејство присуствуваше на премиерата на филмот „Tomorrowland“.
Сличноста помеѓу 49-годишниот супермодел и нејзината 13-годишна ќерка повторно поттикна бројни коментари. Повеќе од очигледно е дека Каја го наследила убавиот изглед од мајка си и воопшто не е чудно што веќе се пробива во модната индустрија.


На свеченото прикажување на филмот присуствуваше и сопругот на Синди, Ренди Гербер и нивниот 15-годишен син Присли.







Синди и Ренди се во брак од 1998 година.