Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Сензуалната „Бонд дама“ Моника Белучи за „Vanity Fair“

ФОТО: Сензуалната „Бонд дама“ Моника Белучи за „Vanity Fair“

Моника Белучи го заведува светот со безвременска убавина и италијанска сензуалност и е една од најпривлечните музи. Поттикнати од веста дека грациозната дива доби улога во новиот филм за Џејмс Бонд, уредниците на „Vanity Fair“ Италија ја поканија да го разубавува нивното најново издание.

За модниот едиторијал беше ангажирано фотографското дуо Driu + Tiago. За корицата на списанието, Белучи позираше во црн фустан со црвени точки од нејзините омилени дизајнери Долче и Габана.

Моника Белучи

Пред една недела стана јасно дека 50-годишната Италијанка е највозрасната „Бонд девојка“, или како што Белучи милува да каже „Бонд дама“. „Сè правам многу бавно. Прва ќерка на 40 години, втора ќерка на 45. Судбина беше Бонд да се случи на 50“ – рекла низ насмевка таа.

Славната актерка е категорична дека возраста не им одзема на жените од шармот и сензуалноста. „Зрелата жена не губи од својот шарм, не престанува да биде женствена само заради тоа што достигнала одредена возраст. Напротив, жените поседуваат сензуалност на секоја возраст“ – вели Белучи.

Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи

Во интервјуто за списанието, Белучи открила и како го прославила јубилејниот роденден. „Дома, имав покането на вечера неколку пријатели. Никогаш не сум била тип која сака забави со многу луѓе. И навистина, многу од родендените ги прославував на снимањето на филм, сама во хотелска соба“ – изјавила таа.

Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи

Моника и француската актерка Леа Сејду ги добија главните женски улоги во новиот филм Џејмс Бонд „Spectre“, чија премиера е закажана за 6 ноември 2015 година. Режисер ќе биде Сем Мендез, додека главната машка улога останува резервирана за Даниел Крег. Кон екипата се приклучуваат и Кристоф Валц, Дејв Батиста и Наоми Харис.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.