Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Сексапилната Шакира за „Elle“

ФОТО: Сексапилната Шакира за „Elle“

Шакира е главното лице на јулското издание на списанието „Elle“. Сексапилната Колумбијка заводливо позира во краток фустан со метална мрежа од кругови на Антони Вакарело и вечерен фустан на Ралф Лорен, додека за фотографијата на корицата носи маичка на Версаче и кратки панталони од Дајен фон Фирстенберг.

Шакира

Во интервју за списанието, Шакира зборува отворено за вербата во Бог, љубовта кон Пике, мајчинството и музиката.

За тоа како Пике ѝ ја вратил вербата во Бог: „Сметам дека ако може да се докаже постоењето на Бог, тоа може да биде докажано само преку љубовта. Јас дури и ја имав изгубено вербата извесно време. Станував агностик. И тоа беше навистина тешко, бидејќи отсекогаш бев многу религиозна, а во текот на неколку години, можеби затоа што не ја чувствував љубовта каква што треба да биде, започнав да мислам дека не постои Бог. И одненадеж го сретнав Жерар и сонцето излезе.“

За врската со Пике: „Тој има свој свет и тоа всушност е едно од најздравите нешта за врската. Знам дека тој е личноста која е со мене не заради друг интерес, туку само заради љубовта која нè обединува.“

Шакира

За мајчинството: „Чувствувам дека ќе се обидам да го правам истото до крајот на животот. Некои го кажуваат како многу идилично, некои луѓе го претставуваат како измачувачко искуство, но не е ниту едното, ниту другото. Тоа е како животот – доаѓа со сè.“

За музичката кариера: „Немам идеја каде сакам да се движам музички, но добро ми е така. Не сум принудена да останам верна на каков било концепт.“

Шакира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.