Марио Лопез и Кортни Маза стапија во брак. Познатиот водител на американското шоу „The X Factor“ се ожени со мајката на неговата ќерка во Пунта Мита, Мексико.
Среќниот пар си го кажа судбоносното „Да“ на зајдисонце за време на традиционална церемонија. Ева Лонгорија беше деверуша на свадбата, а малата 2-годишна ќерка на младоженците, Џиа, зачекори по црвената патека кон олтарот и ја посла со листови од цвеќиња. Невестата носеше креација на Инес Ди Санто.
Вкупно 150 гости биле сведоци на убавиот настан.
Прославата очигледно ги подигнала гостите на нозе. На фотографиите може да се забележи Ева како танцува без своите високи потпетици.