Сара Џесика Паркер е редовна гостинка на гала вечерите на Њујоршкиот балет.
На синоќешната свеченост во Големото јаболко, ѕвездата од хит-серијата „Sex and The City“ среќно чекореше покрај својот сопруг Метју Бродерик. 51-годишната актерка и 54-годишниот актер заљубено позираа на розовиот тепих.
Сара Џесика шармираше во бордо-розова креација со долги ракави од американскиот моден дизајнер Нарцисо Родригез и црни сандали од сопствената колекција. Родригез е еден од дизајнерите кои помогнаа во создавањето на костимите за новата сезона на Њујоршкиот балет.
Пред неколку дена, парот беше уловен од папараците додека ги носеше своите две ќеркички на училиште.
Сара и Метју се во брак од 1997 година и имаат три деца.