Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Сара Џесика Паркер со својата колекција обувки за „Harper’s Bazaar“

ФОТО: Сара Џесика Паркер со својата колекција обувки за „Harper’s Bazaar“

Сара Џесика Паркер привлекува со изглед на модерна дама од страниците на арапското издание на „Harper’s Bazaar“.

Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ ја промовираше својата колекција обувки, дизајнирана со помош на Џорџ Малкемус од компанијата на Маноло Бланик.

Фотографиите од едиторијалот ги потпишува Алексеј Хеј.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Во интервјуто за списанието, Сара Џесика зборувала за своите пријателства и споделила дека не сака да изигрува детектив и постојано да испрашува. „Не сум експерт за жени, секс, состанување, романса. Јас само ја одглумив таа улога“ – вели 49-годишната актерка, алудирајќи на ликот Кери Бредшо.

Сара Џесика Паркер

Талентираната актерка, која наскоро ќе ја видиме во филмот „All Roads Lead to Rome“, коментирала и за животот со сопругот Метју Бродерик. „Горда сум на својот сопруг. Обожавам да го гледам како работи. Многу сум приврзана кон своето семејство и пресреќна сум што го создадовме овој живот заедно“ – рекла таа.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.