Сара Џесика Паркер никогаш не се плашела да експериментира на црвениот тепих и никогаш не го игнорирала дрес-кодот на баловите МЕТ. Доказ за тоа е нејзиниот стајлинг на синоќешната свеченост.
Во духот на изложбата „China: Through the Looking Glass“ во познатиот музеј „Метрополитен“ во Њујорк, Сара Џесика се инспирираше од кинеската култура.
Изненадување беше што славната актерка избра да носи креација од H&M наместо од луксузна модна куќа. Сепак, тоа не беше обична креација. Црниот фустан со впечатливи детали беше изработен специјално за неа.
50-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ на главата носеше ексцентричен моден додаток од Филип Трејси.