Сандра Булок многупати има изјавено дека синот Луис е најважен во нејзиниот живот. Додека нејзиниот филм „Gravity“ го освојува светот и трае промотивната турнеја, 49-годишната актерка не ги прескокна забавните активности со тригодишниот син.
Шармантната филмска ѕвезда и малото момче биле фотографирани во „хорор“ издание за забава за Халовин (Ноќта на вештерките). Костимот на Сандра бил инспириран од мексиканскиот Ден на мртвите, додека Луис бил облечен во „скелет“ костим.
Неодамна Сандра откри за „Вог“ дека не е против идејата за посвојување на братче или сестриче на Луис. „Ако некој одненадеж ми рече имаш уште пет деца, нема да имам проблем со тоа“ – изјави таа.
Булок го посвои Луис во 2010 година, во истото време кога се разведе од неверниот сопруг Џеси Џејмс.