Мексиканската ѕвезда Талија синоќа блескаше на манифестацијата „Premio Lo Nuestro“, одржана во Мајами, Флорида.
45-годишната пејачка и актерка, која кај нас се прослави со улогата на Росалинда во истоимената теленовела, шармираше во сребрен фустан со реси од доминиканската дизајнерка Јанина Азар. Својот изглед, Талија го надополни со сандали од сопствената колекција.
Видео
На настанот беа наградени најуспешните латино музички ѕвезди. Талија се закити со наградата Најдобра поп/рок изведувачка за 2017 година.
Видео
Славната пејачка настапи на сцената со својот хит „Todavía Te Quiero“ во костим од Мајкл Костело.
Видео
Потсетете се на изгледот на Талија во теленовелата „Росалинда“.