Се сеќавате ли на „Росалинда“? Мексиканската теленовела пред повеќе од една деценија беше многу популарна на нашите простори. Главната улога ѝ припаѓаше на Талија, која до ден-денес привлекува огромна публика не само како актерка, туку и како пејачка.
Кога се снимаше серијата, Талија имаше 27 години. Сега, 43-годишната латино ѕвезда не изгледа многу поразлично од тоа време.
Талија моментално ја промовира својата нова модна колекција, па во рамките на промотивните активности, сними едиторијал за „Cosmo for Latinas“.