Талија Соди е шармантна убавица на страниците на „Вог“ Мексико.
Младоликата актерка и пејачка, која во август ќе го прослави 50-тиот роденден, ја краси насловната страница на февруарското издание на списанието.
За фотосесијата, Талија, која кај нас се прослави по улогата на Росалинда во истоимената теленовела, позираше во модели од врвни модни куќи. Valentino, Altuzarra, Bottega Veneta, Prada, James Perse и Meadham Kirchhoff се само дел од брендовите кои влегоа во стилскиот избор на мексиканската ѕвезда.