Талија Соди влезе во улогата на водителка на „Premio Lo Nuestro 2020“. На манифестацијата на која беа наградени најдобрите латински музичари за изминатата година, мексиканската актерка и пејачка заблеска во ШЕСТ стајлинзи.
48-годишната ѕвезда, кај нас позната по улогата на Росалинда, на розовиот тепих зачекори во впечатлива сина креација со шлиц.
Во текот на свеченото доделување на наградите, Талија промени уште пет креации.