Актерката и пејачка Талија, која кај нас е позната по серијата „Росалинда“, денес ќе дувне 44 свеќички на роденденската торта.
Привлечната Мексиканка често е нарекувана „кралица на латинската поп музика“ и има продадено над 40 милиони албуми ширум светот. Првите чекори во музичка индустрија таа ги направи како член на рок групата „Timbiriche“. Пред околу две години, Талија беше почестена со своја ѕвезда на Холивудската патека на славните.
Погледнете 44 фотографии од највпечатливите стилски моменти на Талија низ годините.