Ријана ги изненади своите обожаватели со нов изглед. Познатата ѕвезда објави на Twitter фотографија на која ја покажува новата руса фризура.

Заедно со фотографијата, Рири објави и порака во која објасни дека одлучила да го промени својот изглед за фотосесија за списанието Elle.

На една од фотографиите изгледа дека Ријана позира топлес, а на другата носи кратки фармерски панталончиња и бела широка блуза. За високите кожени чизми Ријана се пошегува со своите следбеници дека изгледаат стриптизерски.

Подоцна истата вечер папараците ја „уловија“ насмевната убавица на првиот ред на кошаркарски натпревар.

Ријана е една од музичките ѕвезди кои не се плашат да експериментираат со својот изглед. Минатата година ја видовме со црвени локни, а кон крајот на годината повторно стана бринета. Во рекламната кампања за Армани 23-годишната пејачка покажа нова руса боб фризура, но тогаш стануваше збор за перика.

Кој изглед сметате дека е најсоодветен за Ријана?