Ријана сме ја виделе како црвенокоса, русокоса и бринета, но сега актуелната пејачка премина со експериментирање со фризурата во нови води.
25-годишната изведувачка ги изненади своите фанови со седа коса. „Сивата е новата црна“ – напиша таа на Twitter и сподели фотографии од новиот изглед.
Имајќи предвид дека Ријана постојано користи перики и надградувања на косата, не е исклучено „побелената“ коса набрзо да биде заменета со нова фризура.
Пред неколку дена Ријана беше фотографирана во Манчестер со руса коса, имиџ кој го негува за време на музичката турнеја.